Претходна статија
Линданот од „ОХИС“ ќе се расчистува со помош на Норвешка и Обединетите нации
Следна статија
Новинарот на „Билд“, Бојан Блажевски добитник на наградата „Жан Моне“ за најдобра новинарска сторија

Со 28,5 милиони евра ќе се гради втората фаза од хидросистемот „Лисиче“

Објавено на 12.12.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска во општина Велес одржа работен состанок за реализација на проектот за „Повеќенаменски ХС Лисиче 2“. На состанокот се разговараше за почетокот на изведба на претстојниот зафат, а консултантот на германската развојна банка „KfW“, беше информиран за потребите и значењето на овој проект за велешкиот регион. Проектот веќе беше одобрен за реализација од страна на македонската влада, при што финансиските средства во висина од околу 28,5 милиони евра ќе се обезбедат од банка „KfW“ банката.

 

*Извор на фотографија: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

 

Системот за наводнување Лисиче 2 ќе обезбеди вода за наводнување на околу 5.000 хектари земјоделска површина, вода за производство на електрична енергија од три мали хидроцентрали и полнење на акумулацијата „Младост“ која се наоѓа блиску до Велес. Овој систем за наводнување ќе опфати речиси 85% од населението во регионот, кое е вклучено во земјоделски активности. Со изградбата на системот за наводнување ќе се изврши и поврзување на акумулациите „Лисиче“ и „Младост“ и ќе се градат нови мали хидроелектрани.

 

Велешкиот хидросистем „Лисиче“ се состои од три фази на реализација, при што првичната етапа за изградба на акумулацијата беше завршена во 2007 година. Целокупниот проект се реализира повеќе од три децении, со тоа што заостанатите две фази треба допрва да ги гради актуелното владино раководство.