Претходна статија
Џонсон Мети инвестира нови 60 милиони евра во Бунарџик
Следна статија
Доделени првите 50 субвенционирани кредити од проектот „Купи куќа, купи стан“

Скопски „Бетон“ ќе го гради плоштадот „Пресвета Богородица“ за 4,2 милиони евра

Објавено на 10.05.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Општина Центар склучи договор со компанијата „Бетон“ од Скопје за изградба на плоштадот „Пресвета Богородица“ кој е предвидено да се оформи околу истоимената црква во центарот на главниот град. За неговата изградба, како и за останатите зацртани објекти во постоечкиот ДУП, беа урнати 14 објекти. Архитектонското решение предвидува плоштадот да се простира на површина од 3.200 метри квадратни и да бидат изведени три фонтани посветени на Пресвета Богородица, на свети Никола и на свети Петар и Павле. Согласно склучениот договор, општинската власт на „Бетон“ ќе му исплати 259.340.120 денари или нешто над 4,2 милиони евра. Просторот на кој ќе се гради новиот скопски плоштад веќе е делумно ограден, но засега нема официјални информации од општина Центар кога ќе започнат градежните активности и за колкав временски период би требало истите да се комплетираат.

 

На шеталиштето е предвидено да се постават и спомен – обележја на Пресвета Богородица, чии автори се Зоран Тосевски и Борче Димовски, на свети Никола, дело на Елена и Дарко Дуковски и на свети Петар и Павле, изработен од Кирил Мукаетов. Локалната власт веќе распиша тендер за избор на леарница која ќе ги изведе трите спомен – обележја, но сеуште не е познатo кој ќе ги лее иако јавното отворање на понудите беше предвидено за 18 април. Во непосредна близина на идниот плоштад, во тек се активностите за изградба на новиот објект на Факултетот за драмски уметности и на бројни државни институции кои ќе сместат во него.

 

 

Извадок од ДУП Пресвета Богородица

 

 

 

» Форумска дискусија за овој проект