Претходна статија
Реконструкција на охридската болница „Св. Еразмо“ до крајот на 2018 година
Следна статија
Спомен-костурницата во Велес повторно достапна за граѓаните

Скопје со најмногу планирани станови за градење во ноември 2015

Објавено на 15.01.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Инвеститорите во изградбата на куќи и станбени згради во текот на ноември 2015 година се стекнале со одобренија за градење на 539 станови, со вкупна корисна површина од 43.785 метри квадратни. Во согласност со податоците на Државниот завод за статистика, процентот на предвидени станови за градење е зголемен за 49,3% во споредба со ноември 2014 година. Физичките лица ја започнале постапка за издигнување на 237 нови живеалишта, со вкупна корисна површина од 25.462 метри квадратни, додека преостанатите објекти за живеење ќе ги градат градежни компании. Изразено во бројки, двособните (148) и трисобните станови (140) се најпримамливи површини за проектирање и градба кај новите објекти.

 

 

 

Како и во претходните месеци, скопскиот регион со 333 предвидени станови за градење е локација што го привлекува капиталот за инвестирање во овој вид на недвижности. Најмногу станови за градење се предвидени во скопските општини Ѓорче Петров (200) и Карпош (69), а по неа следува Општина Тетово со 39 планирани станови за градење.

 

Според податоците на Државниот завод за статистика, во ноември 2015 година се издадени 318 одобренија за градење, што е за 13,2% повеќе во однос на истиот период од минатата година. Предвидената вредност на објектите изнесува 5.981.924.000 денари, што е за 66,1% повеќе во споредба со ноември 2014 година. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 201 (63,2%) се наменети за објекти од високоградба, 36 (11,3%) за објекти од нискоградба и 81 (25,5%) за објекти за реконструкција. Од вкупно 318 објекти, на 221 (69,5%) како инвеститори се јавуваат физички лица, додека на 97 (30,5%) објекти како инвеститори се деловни субјекти.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk