Претходна статија
Промовирана книга за нискоенергетски и пасивни згради
Следна статија
Во јануари со помалку предвидени станови за градење

„Скопје 2014“ не мирува – ќе се доврши плоштадот „Карпошово востание“

Објавено на 05.03.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Изградбата на новиот скопски плоштад „Карпошово востание“ достигна нова цена од над 10 милиони евра. Со најновиот договор на Град Скопје, фирмата „Изградба – комерц“ за 19.553.500 денари (преку 300.000 евра) ќе треба да го доуреди јавниот простор околу црквата „Св. Димитрија“ и платото пред Меморијалниот музеј на холокаустот. Градежните работи треба да се завршат во рок од девет месеци, со што и официјално би се заокружила изградбата на плоштадот. Откако се промени раководството во општина Центар, градската власт се одлучи да го преземе овој проект од „Скопје 2014“.

 


* Фото: Архива на „Билд“

 

Градежните активности на плоштадот „Карпошово востание“ започнаа во јули 2011 година. Неколкугодишната изведба на граѓаните им донесе неколку скулптури што целосно ја видоизменија јавната површина, меѓу кои оние на Филип Втори и „Мајката со дете“ со други женски фигури изработени од авторката Валентина Стефановска.

 

» Форумска дискусија за плоштадот Карпошово востание

 

 

 

Бојан Блажевски