Претходна статија
4,1 милиони евра за реконструкција на автопатот Смоквица - Гевгелија
Следна статија
Намалување на бројот на превезени патници во автобускиот превоз

Штип го доби највисокиот станбен комплекс во источна Македонија

Објавено на 19.11.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Македонската фирма „Топ Инвест“ го пушти во употреба новиот станбено – деловен комплекс во штипската населба „Сењак 3“. Станува збор за зграда од 16 ката со 162 стана и со посебен деловен простор, која воедно претставува највисокиот објект во источниот дел од земјава. Инвеститорот за реализација на проектот во изминативе четири години вложил 5,8 милиони евра. Комплексот располага со сопствен паркинг и ги задоволува пропишаните мерки за енергетска ефикасност. Овој станбен објект се подигна на парцела од 2.237 метри квадратни, за која инвеститорот на Министерството за транспорт и врски во 2010 година му исплати нешто над 100.000 евра.

 

Најголемиот станбено – деловен комплекс во источна Македонија се изведуваше според проектот на „Инвест градба“ од Кочани, додека проектирањето на фасадата и надворешното уредување ја реализираше бирото „Платформа“ од Скопје. На терен градежните работи ги реализираше „Бетон“ од Кочани. Изградбата на објектот започна во август 2011 година.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект