Министерството за транспорт и врски одбра нови шест архитектонски труда за изградба на типски куќи, кои ќе бидат наменети за проектот „Купи куќа за млади“. Авторите Лазар Димов и Никола Стакинов ја добија првата награда во вредност од 100.000 денари на архитектонскиот Конкурс на кој учествуваа четворица учесници. Втората награда од 40.000 денари му припадна на бирото „Матески ЉМ Дооел“ од Кичево. Шесте идејни решенија за типски куќи се избрани врз основа на распишаниот Конкурс од почетокот на февруари годинава.
Авторските трудови ќе се користат за изградба на типски куќи со големина од 50, 70, 90, 110, 130 и 200 метри квадратни. Од Министерството за транспорт и врски зимоска тврдеја дека со изготвената проектна документација ќе им заштедат средства на граѓаните во износ од 900 до 2.500 евра. Покрај новите шест архитектонски труда, од надлежното министерство во моментов на младите им нудат шест готови проекти за изградба на индивидуални домови со површина од 60 до 180 метри квадратни.
Бојан Блажевски
bojan.blazevski@build.com.mk