Претходна статија
Започнува реконструкцијата на железничкиот Коридор 10, експертите предупредуваат да не биде површна
Следна статија
„Никофон“ ќе гради катна гаража во „барокен“ стил спроти Старата железничка станица, „Макоил“ близу плоштадот Македонија

Шест кружни текови долж булеварот Туристичка во Охрид, наместо постојните семафори

Објавено на 06.06.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Општина Охрид денеска ја започна изградбата на првиот од најавуваните шест кружни текови на булеварот Туристичка. Со планиран надворешен дијаметар од 45 метри, внатрешен од 28 метри и две сообраќајни ленти со вкупна ширина од 8 метри, новиот кружен тек ќе биде оформен на постоечката крстосница помеѓу булеварот Туристичка и улицата АСНОМ, пред спортскиот комплекс „Билјанини извори“. Коловозот на булеварот на овој потег ќе се ревитализира и ќе се постави соодветна сигнализација и осветлување. Инвестицијата е во висина од околу 100.000 евра, а се очекува градежните активности да завршат пред почетокот на главната туристичка сезона. Следен за изградба е предвидениот кружен тек на пресекот на главниот охридски булевар со улицата Бистрица, на влезот на градот од правецот на Скопје.

 

Според плановите на охридските власти, до крајот на 2012 година ќе се изградат шест кружни текови долж целиот булевар Туристичка, со што ќе се заменат сегашните семафори во центарот на градот, но градежните работи за нив ќе следуваат по завршувањето на летната сезона. Ново сообраќајно решение ќе добијат вкрстувањата со улицата Македонски просветители кај Охридска банка, со улицата Јане Сандански кај гимназијата, со улицата Стив Наумов, како и со улицата Абас Емин. Од локалната самоуправа се надеваат дека со градежниот зафат ќе се подобри безбедноста во сообраќајот и ќе се намали сообраќајниот метеж кој особено се јавува во текот на летната сезона.

 

» Форумска дискусија на оваа тема

 

 

Почеток на градежни работи - извор: Општина ОхридПочеток на градежни работи - извор: Општина Охрид

 

Мапа на идните кружни текови:  1 - Бистрица;  2 - Стив Наумов;  3 - Абас Емин;  4 - Македонски просветители;  5 - Јане Сандански;  6 - АСНОМ