Државата ќе помогне во изградбата на инфраструктурни проекти во Охрид
Министерството за транспорт и врски ќе помогне при реализацијата на неколку инфраструктурни проекти во Охрид. Во текот на наредните денови ќе започне реконструкцијата на централниот булевар „Туристичка“, којшто ќе се санира на потегот до Билјанини Извори. Во делот на патната инфраструктура, предвидена е санација на стариот пат од Подмоље до Охрид и на регионалниот