Модерна бизнис визура добива населбата „Карпош 2“ кај крстосницата на „Илинденска“ и „8 Септември“. На овој простор новина се два деловни објекти поставени околу една заедничка плоштадка. Бизнис центарот „Хипериум“ е речиси готов и наскоро се очекува негово отварање. Објектот меѓудругото содржи канцелариски простор, конгресен центар и изложбен павиљон. Напредува и изградбата на бизнис центарот „МИ-ДА“, чив прв модул веќе функционираше како автосалон на „Форд“. Во склоп на „МИ-ДА“ покрај автосалони ќе има и управна зграда, ресторан, кафетерија и други содржини.
Форумска дискусија за бизнис центарот „Хипериум“ –> овде
Форумска дискусија за бизнис центарот „МИ-ДА“ –> овде