Претходна статија
Реконструирана градинката „13-ти Ноември“
Следна статија
Општина Центар ќе забрани градежни активности на Кејот на Вардар

Се санира пешачко – велосипедската патека на булевар Илинден

Објавено на 30.09.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Скопскиот градоначалник Коце Трајановски денеска го означи почетокот на градежните работи за реконструкција на пешачката и велосипедската патека по должината на булеварот Илинден. Санациониот зафат го опфаќа сегментот од крстосницата со улицата Љубљанска до цвеќарницата кај Матично, во должина од 2.300 метри. Со проектот е предвидено да се формира пешачка патека со ширина од 2 метра и велосипедска патека со ширина од 2,5 метри. Површината ќе се покрие со асфалт, а ќе се постават и нови рабници. На крстосниците ќе се изведат рампи за непречено движење на велосипедистите. Пешачко-велосипедската патека ќе добие нова хоризонтална и вертикална сигнализација.

 

* Извор на фотографија: Град Скопје

 

 

Градот Скопје од сопствениот буџет за оваа намена издвои 8,5 милиони денари. Пешачко – велосипедска патека е дел од најавената рута 1 од проектот на градските власти за подобрување на велосипедската инфраструктура во Скопје и зголемување на безбедноста во сообраќајот „СКОПЈЕ ВЕЛОГРАД 2017“. Изведувач на градежните работи е „Трансмет“.