Претходна статија
Штипски „Бетон“ годинава бележи фантастичен раст на добивката
Следна статија
Во Карпош 3 ќе се гради уште една приватна болница кај „Филип Втори“

Се реставрира Алимбеговата куќа во Тетово

Објавено на 18.08.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Во Тетово во тек се активностите за конзервација, реставрација, санација и конструктивно зајакнување на Алимбеговата куќа, значаен споменик на културата од османлискиот период изграден во необарок стил, кој до 1993 година бил во функција на Медицински центар, попознат како Стара болница. Имајќи го предвид значењето на објектот и согласно иницијативата за адаптација на куќата во современ музеј на Мехмет Паша Дерала, со поддршка на Министерството за култура, беа обезбедени средства за изработката на проект за конзервација, реставрација и конструктивно зајакнување на архитектурата.

 

 

 

Претходно се извршени конзерваторско-реставраторски работи на тремот и терасата од јужната страна на објектот. Во моментов стручните екипи на Националниот конзерваторски центар интензивно работат на конзерваторско-реставраторски работи и конструктивна консолидација на архитектонскиот склоп, обнова на фасадата во автентичен манир со сите стилски и декоративни карактеристики и интервенции на покривот со комплетна замена на кровната конструкција и кровниот покривач.

 

Активностите треба да бидат завршени до крајот на годинава. Објектот со својата специфична декорација на фасадите, разиграната форма и одличното функционално решение претставува единствен претставник на аристократска куќа изградена по примерот на Европа.