Претходна статија
Политичката криза ја однесе курбан и пругата кон Бугарија
Следна статија
Депонијата „Дрисла“ и по три години на самиот почеток од градба

Се реконструираат фасади на објекти од струмичката чаршија

Објавено на 07.07.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Откако заврши обновата на екстериерот на архивската зграда во Струмица, Министерството за култура ја започна обновата на фасадите од старата градска чаршија. Со зафатот автентичен изглед ќе добијат два објекти од чаршијата преку владиниот проект за санацијата на фасади од староградската архитектура низ македонските општини. Овој проект паралелно се реализира во неколку македонски градови, каде со средства од државниот буџет се врши заштита на изворниот лик на многу објекти од староградската архитектура.

 

„Се изработија двата проекти, се добија конзерваторски одобренија, се избраа изведувачи и веќе интензивно работат на првите две фасади во старата чаршија кои се планираат до крајот на јули да бидат завршени, така да од август ќе имаме можност да ги промовираме овие две фасади, а потоа ќе се продолжи кон обнова на останатите фасади во старата чаршија која што е еден многу значаен дел за Струмица“, посочи министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.