Претходна статија
Изградбата на пречистителната станица во Кичево се одвива според планираната динамика
Следна статија
Изградбата на Античкиот театар ќе го уништи локалитетот Скупи

Се реконструира спортската сала „Младост“ во Битола

Објавено на 27.01.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Започна реконструкцијата на најголемата спортска сала во Битола. Општината во наредните неколку месеци ќе инвестира во ентериерот на салата „Младост“, која ќе добие нов и проширен терен, нов семафор и реконструирани столчиња во гледалиштето. Предвидено е да се срушат три реда од трибинскиот простор за да се прошири спортскиот терен. Со проектот ќе се воведе и греење во спортскиот објект со поставување на котел за греење на биомаса. Санациониот зафат ќе се одвива во две фази. Со втората етапа е планирано да се реконструираат соблекувалните и тоалетите во спортскиот објект.

 

 

За реализација на првата фаза од проектот се алоцирани 15,2 милиони денари. Градежните работи ги изведува битолската фирма „БВ Инженеринг“, а рокот за нивно завршување е пет месеци. Спортската сала „Младост“ е изградена во 80-те години на XX век и до денешен ден не била ниту еднаш реконструирана.