Претходна статија
Поништено решението за градба на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ
Следна статија
Нова фабрика вредна 6,5 милиони евра отворена во Општина Илинден

Се реконструира скијачката патека во Нижеполе

Објавено на 25.11.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Ноќно скијање, реконструирана скијачка патека и нови видиковци во Нижеполе. Пелистер од претстојната зимска сезона ќе ги пречека рекреативците со нови рекреативни содржини. Долж скијачката патека ќе се постави осветлување, планирана е изведба на три видиковци, санација на објектот бачило и изведба на мини паркови. Динамиката на проектот предвидува со првиот снег да се создадат услови за ноќно скијање во Нижеполе. За реализација градежните активности, Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион обезбеди 13.589.213 денари, односно околу 220.000 евра.

 

 

 

Финансиските средства за овој проект се обезбедени преку програмата за рурален развој од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието. Градежните работи ги изведува фирмата „Стентон градба“ од Битола.