Претходна статија
Ќе се изработува основен проект за класицистичка фасада на зградата на МЕПСО
Следна статија
Македонските аеродроми го зголемија бројот на патници за 18,4% во првата половина од 2012 година

Се продаваат 10 големи градежни парцели од касарната „Илинден“

Објавено на 17.07.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

С - станбени згради; К - комерцијални и деловни намени; З - здравствена установаСтанбени згради, деловни и комерцијални објекти и здравствена установа ќе се подигнат во северниот дел од касарната „Илинден“ во Скопје, доколку успешно се реализира продажбата на земјиштето што денеска го понуди општина Карпош, по барање на Министерството за транспорт и врски. Во рамки на остварувањето на проектот „Старите касарни за нов развој“, за отуѓување се огласени пет градежни парцели со вкупна површина од 34.814 метри квадратни за изградба на објекти со комерцијални и деловни намени, со почетна цена од 6.000 денари за метар квадратен. За домување во станбени згради се предвидени четири парцели со големина од 49.087 метри квадратни, чија почетна цена исто така изнесува 6.000 денари за метар квадратен, а понуден е и простор за изградба на здравствена установа на површина од 3.495 метри квадратни со почетна цена од 1.400 денари за метар квадратен. Доколку се продадат сите парцели, вкупниот финансиски прилив за државата и за општината ќе биде најмалку 8,5 милиони евра.

 

Во соопштението на министерството се нагласува дека целокупната површина на понуденото земјиште изнесува 87.396 метри квадратни со максимална бруто изградена површина на сите предвидени објекти од 460.000 метри квадратни. Рокот за пријавување за учество во електронското јавно наддавање е до 23 август, а истото ќе се одржи на 30 август. По барање на надлежното министерство, општина Карпош веќе отуѓи две градежни парцели со намена за изградба на објекти за одржување на настава од високото образование, по цена од 71 денар за метар квадратен односно вкупно 1.339.334 денари за земјиштето со големина од 18.864 метри квадратни.

 

 

» Форумска дискусија за проектот „Старите касарни за нов развој“