Претходна статија
Новиот клинички центар ќе почне да се гради догодина
Следна статија
Граѓаните ќе можат да го откупат земјиштето под легализираниот објект и без урбанистички план

Се продава земјиште за изградба на згради и куќи во општина Аеродром

Објавено на 07.08.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Министерството за транспорт и врски деновиве објави неколку огласи за продажба на државно земјиште за изградба на станбени згради и објекти за индивидуално домување на територијата на општина Аеродром. Понудени се три локации со површина од 1.590, 1.789 и 1.830 метри квадратни за подигање на објекти за колективно домување. На овие парцели е предвидено да се изградат по една зграда со пет, девет и шест ката. Почетната цена за електронското јавно наддавање на првите две парцели изнесува 4.000, додека за третата инвеститорите треба да одвојат минимум 4.300 денари за метар квадратен. Покрај пријавите за учество, најдоцна до 10 септември секој од заинтересираните субјекти треба да достави банкарска гаранција за сериозност на понудата во износ од 20.000 евра. Електронската лицитација за овие три парцели ќе се одржи на 17 септември.

 

 

 

На продажба се огласени и седум локации со површина од 497 до 550 метри квадратни за изградба на семејни куќи во населбите Лисиче и Мичурин. Заинтересираните лица треба да ги достават своите пријави за учество и банкарска гаранција за сериозност на понудата во висина од 5.000 евра најдоцна до 30 август, односно до 4 септември. Електронското јавно наддавање на парцелите ќе се одржи на 6 и на 11 септември. Во огласите е понудена и една локација со површина од 1.727 метри квадратни за изградба на објект за мали комерцијални и деловни дејности со висина од осум метри во Горно Лисиче. Од продажбата на целото понудено земјиште во општина Аеродром е предвидено да се соберат финансиски средства во износ од најмалку половина милион евра.