Градежна парцела во Свети Николе со површина од 4.393 метри квадратни, ќе се продава на јавно наддавање на 21-ви наредниот месец. Земјиштето е во државна сопственост и е наменето за објект кој ќе содржи трговски и угостителски единици како и деловни простории. Урбанистичкиот план предвидува катност П+1 и најголема дозволена висина до венец од 10,2 метри. Површината за градење е 3.000 метри квадратни, додека максималната бруто развиена површина изнесува 4.500 метри квадратни. Во склоп на парцелата треба да се обезбедат 90 места за паркирање. Почетната цена е утврдена на 2.400 денари за квадрат, а пријави за учество на наддавањето можат да се доставуваат до 15.12.2010.