Претходна статија
Британци и Унгарци ќе избираат концесионер за трамвајот во Скопје
Следна статија
Се нуди земјиште за трговски центар во Свети Николе

Главната награда на АСК 2010 отиде во рацете на ДСЦ Дизајн

Објавено на 23.11.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Административно деловен објект - ГравеАдминистративно деловен објект - ГравеСношти во Музејот на Град Скопје беше одржана изложба и беа доделени награди по повод традиционалната манифестација „АСК – Архитектура Скопје“. На годинешниов конкурс беа пријавени 45 проекти, а комисијата одбра 37 архитектонски дела кои влегоа во официјална конкуренција. Добитници на Главната награда се архитектите Звонко Тасевски и Крсте Петров од „ДСЦ Дизајн“, за проектот административна зграда на „Граве“.


Признанија за посебен придонес во архитектурата добија Никола Велковски, Светлана Јончевска и Марко Трајковски од „Делта инвест“, за административно-деловнен објект со магацински простор „STIHL“, како и Јовица Стефановски, Катерина Петрушевска и Ивана Стефановска од „Јасива“, за апартманско-деловен објект на „Градба промет – Алки“.


Наградени беа и Зорица Блажевска и Ана Савева за проектот „ЕКО-ХАУС“ – монтажна дрвена куќа и Миодраг Радоњиќ и Ранчо Христов со соработниците Ана Пановска-Докузовска и Дамјан Христов од „Атеље Ајвар“, за катната гаража на „АДГ Илинден“ во населбата Аеродром.