Во наредните три месеци ќе биде изработен основен проект со вклучена ревизија за регулација и реконструкција на минор и мајор коритото на реката Вардар низ скопската општина Карпош. За оваа цел Градот Скопје ја избра фирмата „Геомап Дизајн“, која за проектантските услуги од градскиот буџет ќе добие 407.100 денари. Скопските власти планираат да го реконструираат коритото на Вардар, на потегот од вливот на реката Лепенец до мостот на булеварот „8-ми Септември“.
По изработката на целосната документација ќе се знае и висината на финансиските средства што е неопходно да се издвојат за претстојниот зафат. Кејот, на потегот од телевизија „Канал 5“ до хотелот „Александар Палас“, во моментов е функционален со пешачката и велосипедската патека за граѓаните од десната страна на реката Вардар. И покрај ова, левата страна од Кејот воопшто не е урбанизирана, а голем дел од минор коритото на оваа река е неисчистено подолг временски период.
Бојан Блажевски
bojan.blazevski@build.com.mk