Претходна статија
Почна најавената реконструкција на средните училишта во Скопје
Следна статија
Струга ќе добие два нови кружни тека и реконструкција на главната сообраќајница

Се избира идејно решение за реконструкција, пренамена и доградба на прилепскиот Дом на културата

Објавено на 04.07.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Народниот театар „Војдан Чернодрински“ од Прилеп во иднина ќе добие сопствени простории во кои ќе може да ги изведува театарските претстави. ЈП за ПУП – Прилеп распиша Конкурс за избор на идејно решение за реконструкција, доградба и пренамена на дел од домот на културата „Марко Цепенков“. Објектот во иднина би бил поделен на два дела – театарска сала со капацитет од 350 – 400 седишта и комерцијален простор од околу 1.200 метри квадратни. Постојното здание во централното градско подрачје во иднина би имало и мала театарска сала со околу 90 седишта.

 

*Извор на фотографија: Општина Прилеп

 

Архитектите во нивните трудови ќе треба да испроектираат околу 3.800 метри квадратни простории, колку што во иднина ќе бидат издвоени за ансамблот на театарот. Идејното решение треба да обезбеди посебни влезови за публика, службен влез и економски влез во зградата. Паркирањето треба да биде решено со постојните јавни паркинзи во близина на домот на културата.

 

Оформеното жири во состав: Менче Караџоска, Илија Беличоски и Стојан Дамчески ќе додели три награди на најуспешните архитектонски трудови – прва награда за избрано најдобро идејно решение во износ од 142.000 денари, втора награда во висина од 30.000 денари и трета награда од 18.000 денари. Архитектонските трудови треба да се достават до ЈП за ПУП – Прилеп најдоцна до 8 август.