Претходна статија
Излупените фасади долж булеварот „Илинден“ трета година по ред чекаат реконструкција
Следна статија
Инвеститорите добиваат можност за вложување во сончеви електрани со моќност од нови 8 мегавати

Се гради првата од четирите мали хидроелектрани на реката Бистрица

Објавено на 02.04.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Македонската компанија „Сол Хидропауер“ од Скопје денеска ја стартуваше реализацијата на првата од четирите мали хидроелектрани на реката Бистрица. Три од предвидените енергетски објекти ќе бидат лоцирани на територијата на општина Теарце. „Во општина Теарце, овој концесионер ќе изгради вкупно 3 мали хидроелектрични централи со вкупен инсталиран капацитет од 7,5 мегавати, при што просечното годишно производство е проценето на 28 гигават часови, а големината на инвестицијата би изнесувала 15 милиони евра“, изјави на средбата со медиумите министерот за економија Ваљон Сарачини. Инвеститорот треба да ги изведе зацртаните енергетски објекти во наредните три години.

 

Во општина Теарце најдоцна до 2016 година треба да се изградат седум мали хидроелектрани, во вкупна вредност од преку 22 милиони евра. Тие ќе бидат реализирани од страна на компаниите „Супер Ноува Енерџи“ од Тетово и „ЕМК Мали хидроелектрани“ од Скопје. Според информациите на Министерството за економија, досега се завршени 11 мали хидроелектрани, а во процес на изградба се уште 20-тина објекти кои ќе почнат да произведуваат електрична енергија до крајот на 2013 или на почетокот од 2014 година. Надлежното министерство со домашни и странски инвеститори досега потпиша 70 договори за давање под концесија на водниот потенцијал за производство на електрична енергија.