Претходна статија
Наместо да се гради, охридската автобуска станица предмет на политички препукувања
Следна статија
Нова пешачка патека ќе се гради кон Билјанини извори во Охрид

Се градат 123 социјални станови, планирани уште 500

Објавено на 14.07.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката (АДСДП) во изминативе години изградило околу 700 социјални станови за ранливите категории на граѓани. На територијата на целата земја, во моментов се градат 123 социјални станови во Кочани, Македонски Брод и Гостивар, додека во наредниот период е предвидено да отпочне изведбата на дополнителни 500 станови во Скопје, Виница, Свети Николе, Пехчево и Пробиштип. Овие бројки беа изнесени на денешната средба на македонскиот премиер Емил Димитриев со одговорните лица од АДСДП, на чело со директорот Цветко Грозданов.

 

 

 

Премиерот Димитриев оцени дека добра динамика има и во делот на градбата на становите за млади брачни парови. „Такви станови има изградено во Скопје и во Битола, а планираме да изградиме и во други места. Тука можноста за младите луѓе да го решат своето станбено прашање е огромна. Предноста која ја нудиме преку оваа програма е тоа што каматните стапки се релативно ниски и што е многу важно ги гарантираме за еден подолг период од 15 години“ рече премиерот Димитрев. За изградба на социјалните станови за деца без родители, АДСДП одвојува 10% од приходите што се слеваат од продажбата на комерцијални станови.