Државно градежно земјиште во општината Аеродром, наменето за изградба на спортски објект – базен, нуди Министерството за транспорт и врски по пат на јавно наддавање. Парцелата со големина од 23.624 метри квадратни е вцртана во Деталниот урбанистички план „Јане Сандански, урбана единица Г“ и предвидува површина за градење од 7.205 квадрати и бруто развиена површина од 21.616 квадрати. Максималната висина до венец е утврдена на 12 метри. Точната локација е на брегот на Вардар, помеѓу новите тениски игралишта кај салата „МЗТ“ и аква-паркот кој е во изградба. Почетната цена инесува 1.900 денари за метар квадратен. Рокот за пријавување е до 09.11.2010, а лицитацијата ќе се одржи на 18.11.2010.