Претходна статија
Нови заеми за инфраструктурата
Следна статија
Се бара инвеститор за базен во Аеродром

Претставен прототипот на новите двокатни автобуси за Скопје

Објавено на 18.10.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, денес во Женгжоу (Кина) ја посети фабриката на Јутонг (Zhengzhou Yutong Group Co.Ltd.) каде се произведуваат двокатните автобуси по нарачка од Владата на Македонија. Министерот оствари работна средба со претседателот на компанијата, г-дин Њу Бо, а му беше презентиран и прототипот на автобус наменет за градски превоз, модел кој од идната година треба да вози по скопските улици. Во придружба на Јанакиески се и стручни лица од ЈСП Скопје, Бирото за метрологија и Машинскиот факултет, кои во наредните денови треба да извршат евалуација и верификација на протптипот, од што ќе зависи дали ќе започне сериското производство. Потоа, доколку автобусот ги исполнува бараните критериуми, ќе биде однесен на хомологација во Германија.


После редица пропаднати тендери, договорот со Јутонг беше потпишан во април годинава. Нарачани се вкупно 202 двокатни автобуси. Испораката треба да почне во март наредната година и да заврши во 2013. До крајот на 2011 треба да се испорачаат најмалку 66 возила, додека во наредните две години по 68. Со иста диманика ќе биде и плаќањето. 200 од автобусите ќе бидат за јавен градски превоз во Скопје, додека два ќе бидат панорамски (по еден за Скопје и Охрид). Набавката на градските автобуси ќе чини 32 милиони евра, а на панорамските 283 илјади евра.


Форумска дискусија за двокатните автобуси » овде


Фотографијата е преземена од Министерството за транспорт и врскиФотографијата е преземена од Министерството за транспорт и врски