Претходна статија
Големата награда за архитектура на БИМАС 2014 остана недоделена
Следна статија
Од 15 јуни стартува редовната бродска линија Охрид - Поградец

Се асфалтираат новите ленти на Трета Македонска Бригада

Објавено на 20.05.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Екипите на градежната компанија „Жикол“ од Струмица деновиве го почнаа поставувањето на асфалтот на новите две коловозни ленти на улицата Трета Македонска бригада, која со тековниот проект за проширување ќе прерасне во булеварско решение што ја поврзува населбата Лисиче со центарот на Скопје. Во изминативе неколку месеци од почетокот на градежниот зафат, целосно се проби трасата на потегот од крстосницата со булеварот Србија до крстосницата со улицата Фрањо Клуз во должина од 1.243 метри, а се работеше и на поставување на атмосферска канализација. Се работи за две нови коловозни ленти, кои ќе го формираат идниот булевар со четири коловозни ленти и средишен зелен појас. Во согласност со зацртаната динамика, Градот Скопје очекува дека асфалтирањето на новите две ленти ќе заврши до крајот на наредната недела.

 

По комплетирањето на овој дел од работите, возилата ќе се движат по новоизградените ленти, а механизацијата ќе премине на реконструкција на коловозот на постоечките две ленти. Од градската администрација соопштуваат дека деновиве се врши замена на старите и оштетени рабници и се формираат новите тротоари долж целата траса. Предвидено е на двете страни од сообраќајницата да се изградат тротоари, при што од десната страна ќе се оформи зелен појас, велосипедска патека и пешачка патека. Финансиската конструкција на овој проект изнесува 133 милиони денари обезбедени од буџетот на Град Скопје.

 

извор: Град Скопјеизвор: Град Скопјеизвор: Град Скопје

 

 

По завршувањето на првата етапа од реконструкцијата и надградбата на улицата Трета Македонска Бригада, градската управа ќе продолжи со натамошна етапна реализација на целата траса, која треба да се протега до крстосницата со улицата Никола Карев. Изведбата на првата фаза од овој инфраструктурен проект започна кон средината на октомври 2013 година.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект