Претходна статија
Во Велес и Прилеп ќе се спроведат мерки за енергетска ефикасност во јавните објекти
Следна статија
Над милион евра за новите фасади на улиците „Никола Вапцаров“ и „Димитрие Чуповски“

Санирани пет објекти од старото градско јадро на Кратово

Објавено на 22.04.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Националниот конзерваторски центар ја заврши реконструкцијата и реставрацијата на пет дуќани – објекти од староградската архитектура во рамките на споменичната целина Ајдучка чаршија во Кратово. Конзерваторските зафати на овие зданија беа дел од проектот на надлежното министерство за зачувување на автентичниот изглед на старата градска архитектура, со кој до 2017 година е предвидена обнова на 250 фасади на објекти од старите градски јадра низ целата земја. По целосното завршување на овие активности во Кратово, Националниот конзерваторски центар ќе изработи закон за прогласување на старото градско јадро на Кратово за културно наследство од особено значење.

 

Во Кратово и кратовскиот регион досега се завршија неколку проекти од овој вид. Се изврши санација на Саат – кулата и на Симиќевата кула, додека заштитни интервенции беа реализирани и врз Златковата кула. Министерството за култура во наредниот период ќе работи на заштита на познатите кратовски мостови, а е предвидено да се продолжи и со активностите за заштита на споменикот на културата, црквата „Св. Јован Крстител (Претеча)“.