Претходна статија
Со американска донација се реновира Здравствениот дом во Гевгелија
Следна статија
За да се прошири булеварот „Даме Груев“ ќе се урива дел од објектот „Макоил“ на улица Македонија?

Санација на неколку објекти на штипскиот универзитет „Гоце Делчев“

Објавено на 25.04.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип ја стартуваше реализацијата на шест проекти за санација и адаптација на објектите што се во негова сопственост во Штип, Гевгелија и Скопје. Предвидено е да се реконструираат и да се адаптираат зградата „Кампус 4“ во Штип, објектот во Гевгелија и универзитетското здание во Скопје, да се изведе нова фасада на објектот „Кампус 2“ во Штип, да се изгради спортско игралиште кај спортската сала „Јордан Мијалков“ во Штип, како и да се огради и асфалтира дворното место на објектот во Амзибегово. Од буџетот на штипскиот универзитет за оваа намена се издвоени 528 илјади евра.

 

Градежните работи ќе ги изведат компаниите „Теракота инженеринг“ од Прилеп, „Бауер БГ“ од Скопје и „Промонтинг“ од Скопје. Сите шест проекти е планирано да се завршат во временски период од 12 месеци. Тендерите за избор на најповолен понудувач за овие проекти беа објавени на почетокот од јануари годинава.