Претходна статија
Турски „Аселсан“ ќе ги модернизира македонските патарини
Следна статија
Пријавување за Големата годишна награда на ААМ

Саем за „Купи куќа, купи стан“ во „Скопје сити мол“

Објавено на 24.10.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Граѓаните ќе можат да се информираат за поволностите што ги нуди владиниот проект „Купи куќа, купи стан“ во рамките на посебен саем што се одржува од денеска до 28-ми октомври во трговскиот центар „Скопје сити мол“. Градежните компании, комерцијалните банки, осигурителните компании и Министерството за финансии ќе учествуваат во изложувањето на можностите што ги нуди субвенционираниот кредит од банките, како и на понудата на нови станови од Скопје, Битола, Охрид и Струмица што можат да се купат во склоп на овој владин проект. Покрај директните субјекти што се инволвирани во продажбата на овој вид недвижности, на саемот учествуваат и компании за ентериерно опремување и за бела техника, а заинтересираните можат да купат осигурување на домот од некоја од застапените осигурителни компании. Од Министерството за финансии информираат дека до денешен ден се одобрени 331 апликации за одобрување кредит за изградба на куќа или купување нов стан.

 

Проектот „Купи куќа, купи стан“ ќе продолжи да се спроведува и во текот на 2015 година. Граѓаните можат да изберат еден од двата модели за субвенциониран кредит – „половина рата“ или „половина учество“. Апликациите се доставуваат до некоја од експозитурите на осум македонски банки: НЛБ Тутунска, Охридска, ТТК, Шпаркасе, Алфа, Прокредит, Стопанска – Скопје и Стопанска – Битола.