Претходна статија
Нова епизода од серијалот „Мал Ринг“
Следна статија
Странските инвеститори се повлекуваат од „Чебрен“ и „Галиште“?

Резиденцијалниот комплекс „Соравиа Ресорт“ наскоро ќе ги дочека првите станари

Објавено на 21.12.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Напредува изградбата на елитниот комплекс „Соравиа Ресорт“ на падините Водно, на локацијата на некогашното „Олимписко село“ [»мапа]. Во моментов се градат седум објекти. Вилите „Венеција“, „Милано“ и „Неапол“, првично започнатите објекти од комплексот се во завршна фаза, пред технички прием. Најпространото здание во „Соравиа Ресорт“ – вилата „Рим“ е исто така во напредна фаза на градежни работи и моментално во тек е поставување на фасадата. Од „Соравиа“ најавуваат дека ќе биде готова до јуни догодина. Проектираната замисла веќе се согледува и кај живеалиштата „Фиренца“, „Сиена“ и „Верона“ кои се наоѓаат на ниво на карабина и треба да бидат завршени до август 2012.

 

###

###

 

 

Архитектот на „Соравиа Ресорт“, Ѓоко Радовановиќ од „Радо инженеринг“ вели дека комплексот е обмислен за на станарите да им обезбеди погодности налик  на живеење во куќа, иако се работи за колективно живеалиште. Радовановиќ нагласува и дека „Соравиа груп“ посветила големо внимание на изборот на квалитетни состојки за градба.

 

Во моментот на нашата посета на градилиштето се работеше на внатрешните преградни ѕидови во вилата „Рим“.  Сите преградни зидови и облоги на ѕидовите во комплексот се изведени со материјалите на произведувачот „Кнауф“. „Покрај тоа што гипсот е извонреден, природен и здрав материјал, благодарение на флексибилноста на „Кнауф“ системите, внатрешниот распоред во становите може експедитивно да се адаптира на потребите на идните жители, без големи трошоци и без да се наруши статиката на објектот. Звучната и термичката изолација е исто така на највисоко ниво“, потенцира архитектот Радовановиќ.

 

###

###

 

 

Во „Соравиа Ресорт“ ќе се вградат вкупно 60.000 метри квадратни преградни ѕидови со двослојна облога („Кнауф“ систем W112), 12.000 метри квадратни ѕидни облоги („Кнауф“ систем W623) помеѓу становите и комуникациите, како и 2.100 метри квадратни спуштен таван  („Кнауф“ систем D112). На облагањето на делови од фасадите се поставени 1.600 метри квадратни Aquapanel, „Кнауф“ плоча која е отпорна на сите надворешни атмосферски влијанија. Како завршна обработка на ѕидовите планирано е да се вградат и околу 1.000 тони од гипсениот малтер MP75 L, исто така производство на „Кнауф“. Машинското малтерисување со MP75 L го врши фирмата „Мак-Дизајн“.

 

За изведба на сувата градба во комплексот е задолжена фирмата „Мал Меи“. Лутво Мушовиќ, сопственикот на „Мал Меи“, има искуство во работата со „Кнауф“ материјалите за сува градба од речиси 20 години. „Започнав да работам со материјалите на „Кнауф“ во Германија уште од 1992 година“, ни изјави Мушовиќ. Тој напоменува дека при изведбата на резиденцијалниот комплекс „Соравиа Ресорт“ наишол на посебни барања за ентериерно уредување на просторот од страна на купувачите на станови, кои успеал да ги изработи благодарејќи на употребата на флексибилни системи од програмата на германскиот бренд. „Елементите на „Кнауф“ се прилагодливи на желбите на купувачите на станови“, истакнува господинот Мушовиќ.

 

Машинско малтерисување со „Knauf MP75 L“ - изведувач „Мак-Дизајн“Порамнување со мастерГлетувани површини со „Knauf Top Finish“ - изведувач „Мак-Дизајн“

Knauf Aquapanel - материјал отпорен на надворешни атмосферски влијаниjaСпуштен таван (систем Knauf D112) - изведувач „Мал Меи“Кнауф системите овозможуваат лесно изведување на инсталации, како и дополнителни адаптации по потреба

Стандардни Кнауф гипс-картон панели (лево) и зелени водоотпорни Кнауф панели (десно) кои се користат на сите позиции каде што е можен допир со водаВо камините и околу влезните врати се вградени огноотпорни Кнауф панелиФинален изглед

 

 

Новиот станбен комплекс од затворен тип ќе понуди неколку авангардни идеи кои досега не се применети во колективното домување на територијата на целата држава. Имплементиран е независен систем на ладење и греење со геотермални пумпи и сончеви колектори за задоволување на потребите на домаќинствата. Со постигнатите стандарди за енергетска ефикасност, објектот уште од сега ги исполнува критериумите за да добие енергетски пасош 2020 – директива на Европската Комисија според која сите нови објекти треба да имаат речиси нулта потрошувачка на енергија од 31.12.2020 година.

 

Како составни сегменти на луксузниот комплекс влегуваат спортски игралишта, базен, спа – центар, сауна и продавници. На самата граница со парк – шумата „Водно“, „Соравиа Ресорт“ се наоѓа далеку од градската врева и метеж, истовремено овозможувајќи секојдневни прошетки во природата и поздрава животна средина поради помалата загаденост на воздухот и вградените еколошки материјали на „Кнауф“. Станбената населба нуди попријатна микроклима и совршена микролокација за идните жители.

 

» Форумска дискусија за овој проект

 

 

 

[youtube=http://www.youtube.com/watch?v=-hFha25uugk&rel=0&w=515]