Претходна статија
Граѓаните можат да се запознаат со „Палатите на старо Скопје“ - едукативна тура на 20 мај
Следна статија
Распишан тендер за реконструкција на зелениот пазар во Куманово

Реконструкцијата на Универзална сала ќе започне во 2019 година

Објавено на 15.05.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Министерот за култура Роберт Алаѓозовски и скопскиот градоначалник Петре Шилегов денеска потпишаа писмо за намери, со кое се дефинираат активностите околу заедничкото финансирање на реконструкцијата на Универзална сала. Градежните работи би започнале во 2019 година. Салата ќе биде изведена според најсовремените стандарди за безбедност, за удобност на гледалиштето и за пристапност до објектот. Изгледот и функционалноста на градбата ќе бидат задржани, со дополнителни содржини за други културни манифестации.

 

 

„Реконструкцијата на Универзална сала, како симбол на солидарноста, во изминативе години беше само предмет на манипулација од претходната власт. Предизборно беа изработувани и презентирани во јавноста многу проекти, од кои беше реализирано само преименувањето на овој објект. Предизборните ветувања се провлекуваат уште од 2009 година. Но, ниту претходната локална власт, ниту претходната централна власт не направија напори да изградат нова сала“ изјави градоначалникот Петре Шилегов.

 

Универзалната сала во Скопје е ставена во функција на 1 јануари 1966 година. Објектот е изграден со финансиска помош од 35 земји и е изведен по проект изработен од бугарски архитекти. Овој културен објект е затворен за посетителите повеќе од две години.