Претходна статија
Проработеа пет мали хидроелектрани во Охрид и Струга
Следна статија
Град Скопје доби заем за изградба на две катни гаражи

Реконструкција на Мостот на Револуцијата

Објавено на 09.12.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

ВизуелизацијаГрад Скопје денеска стартуваше со најавениот проект за реконструкција на троторите, оградата и уличното осветлување на Мостот на Револуцијата во близина на МАНУ. Инвестицијата тежи околу 27,6 милиони денари. Најпрвин ќе се обноват тротоарите, рабниците, сливниците и коловозот. Потоа ќе се постави нова ограда која ќе биде изработена од ковано железо и во неа ќе бидат монтирани типски канделабри. Автор на идејното решение за заштитната ограда и за осветлувањето на мостот е Зоран Јордановски. Реконструкцијата ќе се одвива без запирање на сообраќајот и во најлош случај треба да заврши во рок од 120 дена. Изведувач е скопската фирма „Синтек“. Мостот на Револуцијата во денешната форма е изграден во 1963 година и ги поврзува булеварите Кочо Рацин и Крсте Петков Мисирков. Во наредниот период треба да следува слична интервенција и врз мостот кај Холидеј Ин, а нова ограда и осветлување ќе добие и мостот „Гоце Делчев“.