Претходна статија
Седиштето на Народна банка се сели на плоштадот Македонија
Следна статија
Намален бројот на предвидени станови во текот на мај

Реконструкција на 14 средни училишта во Скопје

Објавено на 04.07.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Почеток на реконструкцијата на СУГС „Владо Тасевски“Четиринаесет средни училишта во надлежност на Град Скопје ќе бидат реконструирани до почетокот на учебната година. Градоначалникот Коце Трајановски денеска го означи стартот на проектот чија финансиска тежина изнесува нешто помалку од 36 милиони денари, односно околу 580 илјади евра, средства од буџетот на Градот.

 

Со проектот е предвидена замена на азбестно – цементните покриви на СУГС „Владо Тасевски“ и СУГС „8-ми Септември“, во вкупна површина од околу 5.500 метри квадратни, за што се издвоени 15.732.829 денари. Во овие две, но и во други 12 средни училишта исто така ќе се врши замена на прозорци и столарија, санација на санитарните јазли, подовите и покривните конструкции, обезбедување на греење и изградба на тротоари. За овој дел од проектот се издвоени 20.134.310 денари.