Претходна статија
Малцинство советници ќе можат да менуваат урбанистички планови!
Следна статија
Македонија очекува приклучок кон брзата пруга Белград - Будимпешта

Реконструираните куќи ќе куртулат од енергетски пасош

Објавено на 17.12.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Републичкото Собрание на вчерашната седница ги донесе најновите измени во Законот за градење, со кој се регулира примената на мерките за енергетска ефикасност во објектите на територијата на нашата земја. Во конечната верзија на законот е отфрлена обврската на сопствениците на градби за индивидуално домување да обезбедат сертификат за енергетска ефикасност при позначајна реконструкција на овие објекти. Популарниот енергетски пасош ќе мора да се извади единствено за оние објекти за индивидуално домување што допрва ќе се градат.

 

Од 1 јануари 2015 година стапуваат на сила обврската за задолжително применување на мерките за енергетска ефикасност кај новоизградените објекти. Од подготовката на проектната документација, преку издавањето на одобрението за градење до финалната изведба, инвеститорите ќе бидат должни да обезбедат контрола во спроведувањето на енергетската ефикасност. На крајот од изградбата, контролорите од оваа област ќе мора да издадат сертификат за енергетска ефикасност, во кој ќе биде определена класата на објектот. За оние физички и правни лица кои нема да ја почитуваат постапката во целост ќе следуваат парични казни.