Скопскиот градоначалник Коце Трајановски и градоначалникот на општина Гази Баба Тони Трајковски денеска ја промовираа реконструираната велосипедска патека на булеварот Александар Македонски во должина од 1.530 метри, на потегот од клучката „Естекада“ до бараките на општина Гази Баба. На патеката е поставен нов асфалт, како и хоризонтална и вертикална сигнализација. По должината на патеката се поставени столпчиња за да се спречи непрописно паркирање на возила. Изведбата на велосипедската патека е во согласност со Акцискиот план за велосипедските патеки 2014-2017 година. Покрај велосипедската патека, долж целиот потег е санирана и патеката за движење на пешаци.
* Извор на фотографија: Град Скопје
Од градскиот буџет во овој проект беа вложени 11 милиони денари. Скопскиот градоначалник Коце Трајановски изјави дека реконструираната велосипедска патека е дел од рутата 1 од проектот за СКОПЈЕ ВЕЛОГРАД 2017. Сите патеки што се наоѓаат на оваа рута треба да бидат санирани до крајот на 2015 година. Станува збор за велосипедската инфраструктура што се протега на трасата од Гази Баба преку Центар до Карпош во должина од околу 8 километри. Во функција на реализација на најавеното, во моментов се работи на реконструкција на велосипедската патека од спротивната страна на булеварот Александар Македонски, на потегот од хотелот „Континентал“ до клучката „Естекада“.
» Форумска дискусија за велосипедската инфраструктура во Скопје