Претходна статија
Ќе се реконструира и проширува канализационата мрежа во Берово
Следна статија
ЕБОР ќе ги разгледа препораките од Советот на Европа за „Бошков мост“

Реконструирана галеријата „Никола Мартиновски“ во Крушево

Објавено на 09.12.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Целосно е завршено реконструирањето на галеријата „Никола Мартиновски“ во Крушево, а завршува и обновата на една фасада на куќа од староградската архитектура, која воедно е седма реконструирана во градот. Според информациите од Министерството за култура, во изминатиов период е направена и ограда околу Македониумот – споменикот на Илинден, кој допрва ќе биде подложен на реконструктивен зафат. По повод реализацијата на овие проекти, министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска деновиве го посети Крушево, каде се запозна со текот на реализацијата на овие проекти.

 

* Извор на фотографија: Министерство за култура

 

 

Галеријата „Никола Мартиновски“ е целосно уредена надворешно и внатрешно. „Реконструкцијата опфати партерно уредување, оградување на просторот, завршена е и фасадата во првата фаза – во уредувањето на екстериерот. Денеска можеме да видиме дека е и ентериерно целосно завршен, направена е конзервација на целокупниот простор, на сите таваници, на дрвото во галеријата. Сменета е електричната инсталација“, изјави министерката Канческа – Милевска. Во реновираниот објект се поставени 62 оригинални слики на Мартиновски, а се презентирани и етнолошки предмети и автентични крушевски одаи. Зафатот се одвиваше во изминативе неколку месеци, со пари од државниот буџет.