Претходна статија
Ќе се градат хотели на атрактивно земјиште во Охрид
Следна статија
Над половина од граѓаните не поднеле барање за легализација на дивоградбите

Реконструиран Спомен – домот на браќата Миладиновци во Струга

Објавено на 25.08.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска вечерва го отвори реконструираниот Спомен – дом на браќата Миладиновци во центарот на Струга. Објектот има површина од 470 метри квадратни (приземје, сутерен и кат), а целосно е реконструиран таванскиот простор, ентериериерот, паркетот и подот. Покрај постојаната поставка посветена на македонските преродбеници Димитар и Константин Миладинови, во оваа културна институција ќе бидат изложени најрепрезентативните делови на мозаикот од ранохристијанската базилика од селото Октиси, поставка организирана од страна на Музејот на Струга.

 

Во Спомен – домот на браќата Миладиновци е сместена макета од оригиналната куќа која постоела на тоа место до пожарот од 1925 година и свечена сала во која се изложени делата од добитниците на Струшките вечери на поезијата од самиот почеток на оваа манифестација. Објектот ќе припадне на владение на Музејот на Струга и организаторот на „Струшките вечери на поезијата“. Спомен – куќата на браќата Миладиновци долго време беше затворена за посетителите, а денешното свечено отворање на јубилејното 50-годишно издание на Струшките вечери на поезијата е повод за повторно пуштање во употреба на оваа културна установа.

 

 

Бојан Блажевски