Театарот за деца и младинци во центарот на Скопје е целосно уреден со проект и финансии од Министерството за култура. Има нови седишта во гледалиштето, нова електрична инсталација, ново фоаје и тоалети. Театарската установа денеска ја посети министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска, која е задоволна што во краток рок е извршена реконструкција со која театарот доби нов изглед и е ставен во функција. Во просториите на објектот се поставени телевизиски екрани однадвор каде што ќе се движи репертоарот на театарот.
* Извор на фотографија: Министерство за култура
Во текот на идниот месец салата ќе добие техничка аудио и видео опрема. За целосното ентериерно реновирање на Театарот за деца и младинци беа потрошени околу четири милиони денари.