Претходна статија
Казна од Општина Центар за изведувачот на улицата на кејот
Следна статија
Ќе се заштитува архитектурата на црквата во манастирот Трескавец

Реконструиран Домот на културата во Македонска Каменица

Објавено на 02.05.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Општина Македонска Каменица го пушти во употреба реконструираниот објект на Домот на културата. Просториите на некогашното кино се обновени со финансиски средства во висина од 42 милиони денари обезбедени од локалниот буџет. Санациониот зафат се одвиваше во изминатите 18 месеци. На свеченото отворање одржано пред неколку дена се обрати градоначалникот Дарко Митревски.

 

 

„Македонска Каменица доби современ дом на културата со површина од 880 метри квадратни, каде освен современа киносала ќе бидат сместени и просториите на КУД „Вера Јоциќ“ и локалната библиотека“ рече градоначалникот Митевски. За довршување на проектот е неопходна набавка на современа опрема, која ќе се обезбеди преку ИПА програмата за прекугранична соработка, во партнерство со бугарската општина Белица.