Претходна статија
Растат цените на становите во Скопје
Следна статија
Наместо општината, државата ќе гради затворен базен во Охрид

Реализацијата на „Скопје 2014“ продолжува без престан!

Објавено на 01.06.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Нема крај на приказната за менување на изгледот на централното градско подрачје на Скопје. Проектот „Скопје 2014“ продолжува со изведба на две нови „барокни“ фасади на улицата „Македонија“, а Градот Скопје во исто време трага и по основни проекти за промена на надворешниот изглед на четири згради лоцирани на улиците „Даме Груев“ и „Димитрие Чуповски“. Фирмата „Урбан инвест“ од Кавадарци е избрана да ги изведува градежните работи на објектите со број 25 и 35 на главната пешачка улица во Скопје.

 

 

 

Граѓаните на Скопје преку градскиот буџет за оваа намена ќе издвојат околу 650.000 евра, a замислениот „барок“ ќе се реализира во временски период од 14 месеци. Градот Скопје ја комплетираше изгработката на новите конкурсни трудови и на основните проекти за овие згради во текот на 2012 и на 2013 година.

 

Покрај централната пешачка зона, „барокот“ треба да завладее и со објектите кои гравитираат околу новото седиште на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ во центарот на Скопје. Градските власти денеска распишаа огласи за пронаоѓање на бироа што ќе ги изготват основните проекти за менување на постоечкиот изглед на зданијата лоцирани на улицата „Димитрие Чуповски“ со број 13 и на три објекти што имаат адреса на улицата „Даме Груев“ со број 14 и 18.

 

Авторите на идејните решенија за промена на фасадите на овие објекти засега се држат во тајност, но она што се знае е дека Градот Скопје објави оглас за избор на архитектонски трудови за нови фасади на четириесеттина згради во строгиот центар на метрополата на почетокот од август минатата година.

 

 

Бојан Блажевски