Претходна статија
Отворена за сообраќај проширената делница на булеварот Борис Трајковски до „Стакларница“
Следна статија
И терасите ќе се легализираат по едно евро за метар квадратен

Распишани двата тендера за реконструкција на 16 училишта

Објавено на 02.05.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Министерството за образование и наука денеска ги објави двата тендера за избор на изведувачи за реконструкција на десет основни и на шест средни училишта ширум државава. Со претстојниот зафат ќе се променат прозорците, крововите, подовите, инсталациите за греење, санитарните јазли и фасадите на постари образовни објекти. Висината на инвестицијата изнесува три милиони евра, кои се обезбедени преку заем од Банката на Советот на Европа. Заинтересираните фирми треба да ги достават своите понуди за учество на тендерот за основните училишта најдоцна до 21 мај, односно најдоцна до 23 мај за средните училишта. Со овој проект ќе се подобрат условите за образование на преку 17 илјади ученици.

 

 

 

 

Во рамките на проектот ќе се реконструираат средните училишта „Кочо Рацин“ од Велес, „Љупчо Сантов“ од Кочани, „Таки Даскало“ од Битола, „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија, „Кирил Пејчиновиќ“ од Тетово и „Ибрахим Темо“ од Струга. Градежни зафати ќе се извршат и врз основните училишта „Коле Канински“ од Битола, „Наим Фрашери“ од Врапчиште, „Ванчо Прке“ од Штип, „Живко Чинго“ од Охрид, „Братство Единство“ од Гостивар, „Кочо Рацин“ од Кратово, „Браќа Миладиновци“ од Куманово, „Маршал Тито“ од с. Муртино – Струмица, „Кирил и Методиј“ од Велес и „25 мај“ од скопската населба Ченто. Договорот за подигање на кредитната линија беше потпишан во септември минатата година.