Претходна статија
Отворена изложбата за трансформација на улицата „Мирослав Крлежа“ во Центар
Следна статија
За заштита од свлечишта, косините од автопатот Миладиновци - Штип ќе се пошумуваат

Распишан тендерот за реконструкција на 8 училишта низ земјава

Објавено на 25.03.2019 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Министерството за образование и наука денеска ја објави тендерската постапка за избор на изведувачи што ќе ја вршат реконструкцијата на 8 основни и средни училишта во општините низ земјава. Со претстојниот проект ќе се санираат подовите, крововите, санитарните јазли и топловодното греење, а предвидена е и промена на прозорци во дел од училишните објекти. За реализација на планираната рехабилитација на овие згради е предвидено да се издвојат околу 70 милиони денари од државниот буџет.

 

 

Надлежното министерство ќе ги очекува понудите од градежните компании до средината на април, по што ќе ги избере изведувачите на планираните активности. Со проектот ќе бидат опфатени следниве училишта: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од Охрид, ООУ „Бајрам Шабани“ од Куманово, ООУ Бајрам Шабани“ од Кондово, ООУ „Јосип Броз Тито“ од Струга, ООУ „Лирија“ од Житоше, СОУ „Љупчо Сантов“ од Кочани, ООУ „Перпарими“ од Чегране и ООУ „Наим Фрашери“ од Куманово.