Претходна статија
Во населбата Гоце Делчев ќе се гради фекална канализација
Следна статија
Втора фаза од реконструкцијата на улицата „Народни херои“ во Кисела Вода

Распишан тендер за санација на дел од просториите во Музејот на Македонија

Објавено на 26.09.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

НУ Музеј на Македонија денеска објави оглас за избор на изведувач за реновирање на просториите во административната зграда на оваа музејска установа. Предвидено е да се санира дел од покривот на објектот над канцелариите, реконструкција на санитариите на катот, поставување на нови прозорци во канцелариите и салите на објектот и санација на ѕидовите и плафонот во влезниот хол на приземјето од зградата. Заинтересираните фирми од градежниот сектор имаат рок до 6 октомври за да ги поднесат своите понуди.

 

 

Состојбата во која се наоѓа објектот на Музејот на Македонија е далеку од розова веќе неколку години наназад. Ситуацијата постана алармантна во текот на изминатава пролет, кога временските неприлики придонесоа за навлегување на вода низ оштетениот покрив во просториите на музејската зграда. Во овој музеј под опасност се наоѓаше и Галеријата на икони, каде што на 9 март годинава падна дел од таванот во просторијата. Новото раководство на музејот ја заштити бесценетата колекција на икони од уништување.

 

Целосна реконструкција на Музејот на Македонија не е направена од неговата изградба во 70-те години од минатиот век. Самиот објект претставува врвно архитектонско дело на авторите Мимоза Несторова Томиќ и Кирил Муратовски. Лоциран во Старата скопска чаршија, музејскиот објект се наоѓа во непосредна близина на неколку значајни објекти, вклучувајќи ги црквата Св.Спас, Мустафа-пашината џамија и Скопското кале.