Претходна статија
Официјално отворен третиот дел од проширениот булевар „Илинден“
Следна статија
„Скопје 2014“ не го заобиколи ниту ГТЦ

Распишан конкурс за избор на идејно решение за уредување на градскиот плоштад во Кочани

Објавено на 29.05.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Плоштадот „Методија Андонов Ченто“ во центарот на Кочани наскоро треба да добие нов лик. Локалната власт денеска распиша Конкурс за избор на идејно архитектонско решение за уредувањето на овој простор од централното градско подрачје, со намера во претстојниот период да го реконструира постоечкиот плоштад. На јавниот и анонимен повик имаат право да учествуваат домашни и странски архитекти, студенти по архитектура и архитектонски бироа. Изготвените планови треба да се достават најдоцна до 5 јули. Победничкиот труд ќе биде награден со 30.000 денари, за втора награда се предвидени 20.000 денари, додека третата награда е во износ од 10.000 денари. Општина Кочани во конкурсот објави дека  изборот на победничкото решение ќе го изврши жири – комисијата во состав: Панче Грчев, Петар Минов, Петар Апостолов, Иван Иванов, Влатко Димитров, Александар Гицов и Зоран Манасиев.

 

Пристигнатите трудови ќе се вреднуваат врз основа на почитувањето на програмските барања, изводливоста, одржливоста, оригиналноста и репрезентативноста на концептот, креативноста и инвентивноста во пристапот на обликување, современиот третман на проектот, читливоста на идејата на проектот, економичноста на решението, поврзаноста на решението со опкружувањето и задоволувањето на сите прописи и нормативни акти за проектирање и урбанистичко планирање. По изборот на победнички труд, општина Кочани ќе пристапи кон изготвување на преостанатата документација и кон избор на градежна компанија што ќе го реконструира плоштадот „Методија Андонов Ченто“.