Претходна статија
Изложба на наградените дела по Конкурсот за „Мала станица“
Следна статија
Расте бројката на автомобили во земјава, железничкиот превоз во константен пад

Пуштена во употреба пречистителната станица за отпадни води во Струмица

Објавено на 18.12.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Во Струмичко денес беше пуштена во употреба новата пречистителна станица за третман на отпадни води. На настанот присуствуваа премиерот Зоран Заев, амбасадорот на ЕУ во Македонија Самуел Жбогар и струмичкиот градоначалник Коста Јаневски. Инфраструктурниот објект трајно ќе го реши проблемот со отпадните води во општината, со што ќе се придонесе во заштитата на животната средина. Инсталираните капацитети на пречистителната станица се лоцирани во струмичкото село Сачево.

 

*Извор на фотографија: Влада на Република Македонија

 

Станицата има капацитет да преработи 9.458 метри кубни отпадни води дневно, што ќе биде доволно за 53.419 жители од градот Струмица и 12 околни населени места. Со проектот ќе се заштитат водите од реките Тракајна и Струмица, како и Моноспитовското блато. Инвестираните 6,5 милиони евра беа обезбедени од фондовите на Европската Унија. Договорот за изградба на пречистителната станица за отпадни води беше потпишан во декември 2015 година, а изградбата беше завршена во предвидениот рок.

 

„Ова е желба на целиот Струмички регион од нашата независност. Знаејќи дека сме најголем производител на раноградинарски производи, ова дефинитивно ќе не стави на мапата на квалитетно и еколошко производство на земјоделските производи“ изјави премиерот Зоран Заев.