Претходна статија
Четири стари згради во Козле ќе добијат енергетско ефикасни фасади
Следна статија
ЕЛЕМ сака да гради нови когенеративни електрани

Пуштен во употреба реконструираниот далновод Скопје – Тетово

Објавено на 20.08.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Државната компанија МЕПСО денеска во тетовската општина Јегуновце го пушти во употреба реконструираниот далновод Скопје – Тетово, со краци кон трафостаниците во Теарце и Јегуновце. Со проектот ќе се обезбеди непречено и стабилно снабдување со електрична енергија на полошкиот регион, кој во изминативе години се соочуваше со проблеми во текот на зимските месеци поради дотраениот далновод. Со проектот се опфатени 187 столбови, од кои новоизградени се 158. Изведени се и нови спроводници на електрична енергија, изолатори, овесна и спојна опрема. Должината на далноводот изнесува 48 километри.

 

 

 

Во рамки на проектот се извршени приспособувања на сите трансформаторски станици што ги поврзува овој линиски енергетски објект, додека во трансформаторската станица „Југохром“ во целост е модернизиран собирничкиот систем на 110 киловолтно напонско ниво. Инвестирани беа над 4 милиони евра обезбедени преку кредит од Светска банка. Изведувач на работите беше „Енергомонтажа“ од Белград, додека техничкиот надзор го вршеше конзорциум од Техничкиот факултет Битола, Столб Битола и Елнос од Бања Лука.