Претходна статија
Општина Карпош за осум месеци ќе се пресели во нов современ објект
Следна статија
МЕПСО вложува во сноу - борд паркови на Пониква и во Крушево

Пуштен во употреба објектот „Под Водно“ на Адора

Објавено на 12.10.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Адора „Под Водно“Јубилејните 20 години постоење на компанијата „Адора“ и 10 години на „Адора инженеринг“, сношти беа прославени со пуштање во употреба на новиот станбено – деловен објект „Под Водно“ во Скопје [»мапа]. Зградата има 9 ката, 143 станови, 800 метри квадратни деловен простор, а паркингот е решен со подземни паркинзи на три нивоа со капацитет за 230 возила. Во неа се вградени 15.000 метри кубни бетон и 1.500 тони железо. „Адора инженеринг“ земјиштето од 4.500 метри квадратни го купи на јавна лицитација, за што плати 1.650.000 евра, додека за комуналии беа издвоени околу 1.500.000 евра.

 

Во изминатите 10 години компанијата има изградено 18 станбени објекти во Скопје, Охрид и Струмица. Најголемиот тековен инвестициски проект е во општина Аеродром, каде до сега има изградено три, а во моментов се градат уште пет станбени згради. Јубилејот од постоењето „Адора инженеринг“ го заокружува позиционирана на 20-тото место меѓу најуспешните компании во Република Македонија во 2011 година, според рангирањето на Централниот Регистар. Од компанијата проценуваат дека во 2012 година ќе направат финансики обрт во двете насоки од околу 50 милиони евра.

 

 

Адора „Под Водно“Адора „Под Водно“Адора „Под Водно“

Адора „Под Водно“Адора „Под Водно“Адора „Под Водно“