Претходна статија
На продажба парцели за изградба на фабрики во Ќојлија
Следна статија
Нови 22 парцели за изградба на куќи се нудат во населбата „Јака“

Пуштен во употреба новиот објект на Гинекологија Чаир

Објавено на 26.06.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

По 16-годишна изградба, новата зграда на специјалната Болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во населбата Чаир и официјално е ставена функција. Со вкупна инвестиција од државниот буџет во висина од околу 4 милиони евра, целосно е завршена изведбата на здравствениот објект и опремувањето со најсовремена медицинска опрема. Комплетираното здание има капацитет за околу 3.500 породувања на годишно ниво. Градежните активности ги изведуваше бугарската компанија „ГБС“ од Благоевград, која пред три години го доби тендерот за санација на неколку здравствени објекти во вредност од преку 150 милиони денари. Пред започнувањето на зафатот од 2010 година, овој објект беше делумно изграден на ниво на карабина, без можности за извршување на лекарски зафати. Второто по големина породилиште во Македонија е обновено во рамките на владиниот проект за реконструкција на јавните здравствени установи во земјава.