Претходна статија
Значајни инфраструктурни проекти ќе се реализираат во Куманово
Следна статија
ЗК „Пелагонија“ инвестираше 20 милиони евра во биогасна електрана

Пуштен во употреба 400 kV далновод помеѓу Македонија и Србија

Објавено на 22.01.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Со пригодна свеченост, МЕПСО денеска го пушти под напон новиот 400 kV далновод што ги поврзува електропреносните системи на Република Македонија и на Република Србија. Овој инфраструктурен објект претставува капитален проект за нашата земја, со што се овозможува зголемување на стабилноста и доверливоста на електропреносните системи на регионално ниво. Новиот далновод на македонска територија почнува од Штип, а трасата се движи преку Куманово до македонско – српската граница. Далноводот вреден 11 милиони евра е со должина од 70 километри и се состои од 168 челично – решеткасти столбови.

 

* извор на фотографија: Влада на Република Македонија

 

Капацитетот за размена на електрична енергија на овој вод изнесува 600 мегавати. Со овој инфраструктурен проект македонскиот електропреносен систем ја доби петтата врска со четири соседни земји. Кон Грција во моментов функционираат две интерконекции, додека по една прекугранична врска е воспоставена со Бугарија, Косово и Србија. Со финансиски средства од Европската банка за обнова и развој, нашата земја допрва треба да ја почне изградбата на далновод од Битола до Елбасан, со што конечно ќе се оствари целосно поврзување со националните електропреносни системи од соседството.