Претходна статија
Повик за субвенционирање на нови гасоводни приклучоци во Куманово
Следна статија
Италијанската „Tirrena Scavi“ ќе го гради експресниот пат Ранковце - Крива Паланка

Првата приватна ветерна електрана ќе се гради во Свети Николе

Објавено на 29.01.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Во близина на селото Богословец во општина Свети Николе ќе се издигне првата приватна ветерна електрана во Македонија. Проектот предвидува изведба на 10 ветерници, со вкупна моќност од 36 мегавати. Македонската влада уште пред новогодишните празници ја донесе одлуката за одобрување на изградбата на ветерната електрана „Богословец“.

 

 

Приватниот инвеститор ТХОР ИМПЕКС од Скопје веќе ја има добиено концесијата за изградба на ветерниот парк. Во изминатиот период се спроведени сите неопходни мерења за брзината на ветровите на локацијата каде што ќе се гради овој енергетски објект. Светиниколскиот регион е еден од ретките делови во земјава, каде што континуираната брзина на ветерот ги задоволува критериумите за изградба на ветерна електрана. Македонија со реализацијата на овој проект ќе го добие вториот ветерен парк во земјава, по објектот „Богданци“ на Електрани на Македонија.