Претходна статија
Во Куманово ќе се работи на основен проект за изведба на секундарната гасоводна мрежа
Следна статија
Бугарија и Македонија прават напори за железничко поврзување до 2023 година

Прва фаза од реконструкцијата на Центарот за култура „Бели Мугри“ во Кочани

Објавено на 17.05.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Наскоро ќе започне реконструкцијата на еднa од најзначајните градби на модернистичката архитектура во источниот дел на Македонија. Станува збор за санација на кровната конструкција и фасадата, вклучувајќи ја замената на постојните надворешни прозорци и врати и дрвенаријата. Модернистичкото здание на српскиот архитект Глигорие Савовиќ е предвидено да се одвива 6 месеци, почнувајќи од 1 јули.

 

 

За првата фаза од реконструкцијата на Центарот за култура „Бели Мугри“ е проценето дека ќе бидат потребни над 13 милиони денари од државниот буџет за 2018 година. Со санациониот зафат ќе треба да се имплементираат мерките за енергетска ефикасност во ова здание. Санацијата на ентериерот ќе се одвива во втората фаза.

 

Објектот на Центарот за култура е лоциран во центарот на Кочани. Неговата изградба започнала во 1957/1958 година, а бил ставен во функција на 29 ноември 1964 година.